Prasanje

Каде се смета дека е извршен прометот на добра?

-

Според член 13 од Законот на данокот на додадена вредност, за место на прометот на добра се смета:

  1. Местото каде што доброто се наоѓа во времето на прометот, кога доброто не се превезува или испраќа;
  2. Местото каде што доброто се наоѓа кога започнува превозот или испраќањето, во случај кога доброто се превезува или испраќа од страна на испорачателот, примателот или од страна на трето лице;
  3. Местото каде што доброто се монтира или инсталира во случаите кога доброто се монтира или инсталира од страна на испорачателот или од друго лице во негово име;
  4. Местото каде што оданочивиот трговец има седиште на стопанската дејност или подружница за кој се снабдува доброто или во отсуство на место или подружница, местото каде тој има своја постојана адреса или обично престојува/постојано живеалиште или престојувалиште во случај на промет со природен гас и електрична енергија преку систем за пренос и систем за дистрибуција сместени во територијата на земјата или прометот со топлинска енергија или енергија за разладување преку мрежи за греење или разладување до оданочив трговец и
  5. Местото каде што примателот на доброто ги користи добрата во случај на промет со природен гас и електрична енергија преку систем за пренос и систем за дистрибуција сместени во територијата на земјата или енергија за разладување преку мрежи за греење или разладување, којшто промет не е опфатен со точка 4 од овој став.