Промет со размена на добра и услуги
Според член 7 од Законот за ДДВ, кога прометот на услуги се врши како надоместок за прометот на добра или за прометот на други услуги, секој од овие промети се смета за посебен промет на добра или на услуги.
Кога даночниот обврзник, кој делува во свое име и за сметка на друго лице, се вклучи во вршењето услуга, ќе се смета дека даночниот обврзник ја примил и ја извршил услугата.