Prasanje

Што се смета за промет на добра со надомест?

-

Според член 3 став 3 од Законот за ДДВ, како промет на добра со надомест се смета:

  1. Земањето на добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност;
  2. Прометот на добра без надомест од страна на трговски друштва и други здруженија на лица спрема нивните сопственици на влог, спрема членовите и спрема нив блиски лица;
  3. Задржувањето на добра од страна на даночниот обврзник или од лицето кое стапува на негово место, по престанувањето со вршењето на стопанската дејност;
  4. Прометот на добра без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот;
  5. Kусоците на добра кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди) и
  6. Искажаниот износ на трошок на кало, растур, крш и расипување на добра над нормираните износи на трошок утврдени за соодветната стопанска дејност, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила.