Prasanje

Што се смета како промет на услуги со надомест според законот за ДДВ?

-

Според член 6 став 3 од Законот за ДДВ, како промет на услуги со надомест се смета:

  1. Користењето добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него, или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност;
  2. Вршењето услуги без надоместок од страна на даночниот обврзник за негови лични потреби, за потребите на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност ;
  3. Вршењето услуга без надоместок од страна на трговски друштва и други здруженија на лица спрема нивните сопственици на влог, спрема членовите или спрема нив блиски лица и
  4. Промет на услуги без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот.

Ако прометот на добра како основен промет е дополнет со промет на друго добро или услуга како спореден промет, целокупниот промет ќе се смета за промет на добра. Ако прометот на услуги како основен промет е дополнет со промет на друга услуга или на добро, како спореден промет, целокупниот промет ќе се смета за промет на услуги.