Prasanje

Даночни стапки во Македонија

-

Во Македонија ги имаме следните даночни стапки за даноци:

  • Даночната стапка за данок на добивка е 10% од добивката пред оданочување зголемена за непризнаените расходи на друштвото.
  • Даночната стапка за данок на личен доход е 10% од бруто приходот на физичкото лице.
  • За данокот на додадена вредност (ДДВ) пропишана е општа даночна стапка од 18% и повластени даночни стапки од 10% и 5%.  Прометот на добра и услуги кои подлежат на повластени даночни стапки се пропишани со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Истата може да се најде на веб страната МојКонсултант во делот на Прописи.