Prasanje

Кои производи и услуги се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 % (пет проценти)

-

Според член 30 од Законот за ДДВ, со повластена даночна стапка од 5 % (пет проценти) ДДВ се оданочуваат:

  1. Основни производи за човечка исхрана;
  2. Вода за пиење од јавните системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и вода за наводнување на земјоделско земјиште;
  3. Публикации и тоа: книги како и електронски/дигитални учебници, брошури и слични печатени материјали, весници и други периодични публикации, детски сликовници, книги како и електронски/дигитални учебници за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како и публикации со порнографска содржина;
  4. Семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија;
  5. Ѓубрива;
  6. Средства за заштита на растенијата;
  7. Фолии од пластична маса за употреба во земјоделството;
  8. Земјоделска механизација4;
  9. Лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина; 9-а. Менструални производи;
  10. Машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери);
  11. Термални сончеви системи и компоненти;
  12. Mедицинска опрема, помагала и други уреди чијашто намена е за олеснување или третирање на инвалидност исклучиво за лична употреба од страна на инвалидни лица;
  13. Сурово масло за производство на храна за човечка исхрана ;
  14. Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата;
  15. Добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток;
  16. Бебешки производи, и тоа: креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња;
  17. Училиштен прибор, и тоа: училишна торба (ранец), тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор;
  18. Пелети, печки на пелети и котли на пелети и
  19. Топлинска енергија за греење.

 

Со повластена даночна стапка од 5 % (пет проценти) ДДВ се оданочуваат и следните услуги:

  1. Превоз на лица и нивниот придружен багаж;
  2. Софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери);
  3. Услуги за одржување на јавна чистота и отпремување на отпад;
  4. Услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти и
  5. Занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар согласно со Законот за занаетчиство, и тоа: поправка на: велосипеди, чевли и производи од кожа, облека и постелнина за домаќинството (вклучувајќи крпење и прекројување) и  фризерски услуги.