Prasanje

Промена на даночната основа по извршување на прометот

-

Според член 22 од Законот за ДДВ, ако даночната основа се промени поради враќање на доброто, поништување на договорот, или поради менување на цените откако бил извршен прометот, даночниот обврзник, кој го извршил прометот, мора да го исправи данокот кој го должи за својот промет, a даночниот обврзник кон кого е извршен прометот мора да го исправи одбивката на претходниот данок во согласност со промената, во текот на даночниот период на извршената промена.

Даночниот обврзник кон кого е извршен прометот од членот 32-а од Законот за ДДВ, исто така, мора да ги исправи данокот кој го должи и одбивката на претходниот данок, во текот на даночниот период на извршената промена, ако даночната основа се промени во случаите наведени во ставот (1) на овој член.

Ако данокот на додадена вредност кој бил пресметан и платен при увозот, а за која била одобрена одбивка на претходниот данок, е дополнително намален или исплатен, увозникот е должен за соодветен износ да ја исправи одбивката на претходниот данок во даночниот период во кој се појавила промената.