Prasanje

Како се утврдува даночната основа при увозот на добра?

-

Според член 21 од Законот за ДДВ, даночна основа за увозот на добра е вредноста на увезеното доброутврдена според царинските прописи. Ако увезеното добро не подлежи на прописите за царинење или на плаќање царина, даночната основа ќе се утврди според надоместокот што е платен, или што би требало да се плати или ако е тоа непознато, односно ако надоместокот е нереално искажан, според вредноста што ќе ја одреди надлежниот царински орган.

Bo даночната основа при увозот на добра се вклучуваат:

  1. Царината, даноците, вклучувајќи ги акцизите, таксите, другите увозни давачки, освен данокот на додадена вредност.
  2. Зависните трошоци, вклучувајќи ги трошоците за провизии, пакување, превоз и осигурување кои настануваат до првото место на крајната дестинација на доброто во земјата, како што е искажано во документите за превоз, или ако такви податоци нема, до местото на првиот истовар на доброто.
  • Кога доброто било привремено извезено во странство за да биде поправено, ремонтирано или облагородено на друг начин, а потоа е пак увезено во земјата од страна на извозникот, или од друго лице за него, даночна основа претставува надоместокот кој е платен за извршените работи, или ако не е платен надоместок или ако е тој непознат, тогаш вредноста што ќе се утврди според царинските прописи, вклучувајќи ги износите од став 2 точки 1 и 2 на овој член. Ова важи и во случај ако наместо облагороденото добро се увезе друго добро, кое по количина и квалитет одговара на извезеното добро.