Prasanje

Кога се смета дека е извршен извоз?

-

Според член 26 од Законот за ДДВ, извозот се смета за извршен, ако:

  1. Доброто ја премине царинската линија на Република Македонија и
  2. Доброто стигне во слободни зони, царински зони и царински складови, под услов истото да не е наменето за крајна потрошувачка.

Странски примател или странски нарачател во смисла на ова прашање, претставува лице кое има свое фактичко седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во странство.

Подружницата на странскиот примател која се наоѓа во земјата не се смета за странски примател.

Даночниот обврзник е должен да ја докаже исполнетоста на условите за даночно ослободување наведени во член 24 на овој закон, како и во став 1 од овој член.