Prasanje

Даночна основа за промет во земјата

-

Според член 16 од Законот за ДДВ, даночна основа на данокот на додадена вредност е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност.

Под надоместок се подразбираат пари, добра, услуги и други бенефиции според пазарната цена која ја плаќа или треба да ја плати примателот на доброто, или корисникот на услугата или некое друго лице.

 

Според член 17 од Законот за ДДВ, Даночната основа ги опфаќа:

  1. Даноците, вклучувајќи ги акцизите, таксите, придонесите и другите давачки пропишани со посебни закони, освен данокот на додадена вредност;
  2. Зависните трошоци за пакување, натовар, истовар, превоз и осигурување, како и провизиите и другите трошоци кои даночниот обврзник му ги пресметал на примателот на доброто или на корисникот на услугата и
  3. Субвенциите кои се директно поврзани со цената на прометот на доброто или услугата.

 

Според член 18 од Законот за ДДВ, Даночната основа не ги опфаќа:

  1. Намалувањето на цената во форма на дисконт за авансни плаќања;
  2. Ценовниот дисконт, рабатот и другите видови на намалување на цената одобрени на примателот на доброто или на корисникот на услугата во време на извршувањето на прометот, ако тие се посебно искажани во фактурата и евидентирани во книговодството и
  3. Износот што го добива даночниот обврзник од примателот на доброто или од корисникот на услугата како плаќање за трошоците што ги направил во нивно име и за нивна сметка, ако тој износ е евидентиран во книговодството.