Prasanje

Кои се даночни ослободувања во земјата со право на одбивка на претходниот данок

-

Според член 24 од Законот за ДДВ, се ослободуваат од данокот на додадена вредност, со право на одбивка на претходен данок:

  1. Испораки на добра кои се превезуваат или испраќаат во странство од страна на даночниот обврзник, примателот на доброто или од страна на трето лице по нивен налог, ако примателот на доброто е со седиште во странство. Испорачаното добро може да биде обработено или преработено пред извозот од страна на трети лица по налог на примателот на истото;
  2. Прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободни зони, царински зони или царински складови; (По исклучок, прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободни зони не е ослободен од данок на додадена вредност, доколку вкупниот износ на надоместокот за извршениот промет без данокот на додадена вредност, е еднаков или помал од 60000 денари.)
  3. Услуги поврзани со увозот, извозот и транзитот и тоа:

а) меѓународниот превоз на добра за извоз и другите услуги кои се извршуваат во непосредна врска со извозот на добрата;

б) меѓународен превоз на добра за увоз, како и други услуги кои се однесуваат на увозот, доколку вредноста на тие услуги е вклучена во даночната основа во согласност со член 21 став 2 точка 2 од овој закон;

в) услуги кои директно се поврзани со увозот од членот 27 став (1) точка 2 и членовите 27- а и 27- в;

  1. Работи на движни материјални добра кои биле набавени или увезени во земјата за цели на овие работи и кои потоа биле извезени од страна на вршителот на услугата, странскиот нарачател или во нивно име од страна на трето лице;
  2. Вршењето услуги од страна на посредници кои делуваат во име и за сметка на друго лице, кога таквите дејности се однесуваат на прометот наведен во овој член;
  3. Прометот на злато и други благородни метали спрема централните банки;
  4. Прометот, модификацијата, поправката, одржувањето, чартерингот и изнајмувањето на летала кои се користат главно во меѓународниот комерцијален воздушен сообраќај, како и испораката, изнајмувањето, поправката и одржувањето на добрата кои служат за опремување на леталото;
  5. Прометот на добра и услуги кои се во врска со намирување на непосредните потреби на летала според точка 7 на овој член;
  6. Меѓународниот воздушен превоз на патници во воздушниот сообраќај. Ова даночно ослободување важи за воздухопловни претпријатија со седиште во странство само во случај на реципроцитет и
  7. Услуги од страна на телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање на финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации кои се користат за хуманитарни цели.