Кои производи и услуги се оданочуваат со повластената даночна стапка стапка од 10 % (десет проценти) ДДВ
Според член 30-а од Законот за ДДВ, повластената даночна стапка за ДДВ од 10 % (десет проценти) се применува на услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.
Повластена стапка за ДДВ од 10 % се применува врз прометот и увозот на останатите производи за човечка исхрана кои не се основни производи за човечка исхрана.
Со Одлука на Владата, поблиску се определени добрата и услугите чиј промет се оданочува со повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност од 10 %.
Повластената даночна стапка од 10 % се применува врз прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата.