Prasanje

Кој е даночен должник за данокот на додадена вредност (ДДВ)?

-

Според член 32 од Законот за ДДВ, даночен должник е:

  1. Даночниот обврзник во случаите од член 2 точка 1 на овој закон.
  2. Лице кое увезува добра во случаите од член 2 точка 2 на овој закон.
  3. Лице кое издава фактура од член 55 ставови 1 и 2 на овој закон.
  4. Примателот на доброто или корисникот на услугата, доколку истиот е даночен обврзник или институција во смисла на член 10 став 1 од овој закон, во случај на промет, извршен од страна на даночен обврзник, кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија. Во тие случаи, обврската за пресметување на данокот (член 40), за поднесување даночна пријава (член 41), за плаќање на данокот (член 43) и за плаќање камата во случај на задоцнето плаќање на данокот (член 44) паѓа на товар на даночниот должник.
  5. Оданочивиот трговец, односно лице регистрирано за цели на данокот на додадена вредност согласно со членот 13 став (2) од овој закон.
  6. Даночен застапник којшто е назначен од страна на странско лице кое нема седиште или подружница во Република Северна Македонија согласно со членот 9- б од овој закон.