Prasanje

Во кој рок треба да се плати данокот на додадена вредност и од кога започнува да се пресметува камата?

-

 Плаќање на данокот на додадена вредност

Според член 43 од Законот за ДДВ, даночниот обврзник е должен за секој даночен период да го плати данокот кој го пресметали пријавил во даночната пријава ДДВ-04.

Данокот пресметан и пријавен за соодветниот даночен период, даночниот обврзник го плаќа најдоцна во рок од пет дена по истекот на роковите за поднесување на даночна пријава ДДВ-04.

Даночниот обврзник е должен утврдениот данок со Решение на УЈП, да го плати во рок од 15 дена по денот на приемот на решението за утврдување на данокот.

Даночниот обврзник е должен данокот за плаќање да го уплати на сметките утврдени со посебни прописи.

Данокот на додадена вредност при увозот се плаќа во исто време кога се плаќаат царинските давачки.

 

Bo случај на ненавремено плаќање на данокот по истекот на роковите кои се пропишани во Законот за ДДВ, даночниот обврзник плаќа камата по стапка од 0,05% за секој ден задоцнување.