Prasanje

Кога се врши исправка на одбивката на претходниот данок?

-

Според член 37 од Законот за ДДВ, доколку кај одредено инвестиционо средство се променат околностите кои во календарската година на прва употреба биле одлучувачки за одобрување на претходниот данок и доколку промената настапи во рок од пет години од почетокот на употребата на средството, во тој случај се врши порамнување за секоја календарска година на промена преку исправка на одбивката на претходниот данок кој отпаѓа на трошоците за негова набавка или производство. За недвижности, рокот изнесува десет години.  При исправката, за секоја календарска година на промената, се поаѓа од една петтина  а кај недвижности од една десеттина од претходниот данок кој отпаѓа на инвестиционото средство. Во согласност со конкретните случаи се земаат предвид и пократки рокови.

Измена на околностите постои и ако даночниот обврзник го отуѓил или пренаменил за сопствена потрошувачка сè уште наменски подобното инвестиционо средство пред истекот на соодветниот рок за исправка и доколку отуѓувањето или сопствената потрошувачка можат поинаку да се оценат за цели на претходниот данок, отколку употребата во првата календарска година. Ова важи и ако отуѓувањето или самопотрошувачката настапиле во календарската година на негова прва употреба.

Исправката се врши така, што ќе се смета дека инвестиционото добро се користело во периодот од отуѓувањето или самопотрошувачката до истекот на соодветниот рок за исправка и натаму за стопанската дејност на даночниот обврзник според соодветните променети околности.