Prasanje

Услови за одбивка на претходен ДДВ

-

Според член 33 од Законот за ДДВ, претходен данок е износот за кој се намалува данокот на додадена вредност што се должи за извршениот промет за одреден даночен период.

Претходниот данок се однесува на:

  1. Данокот на додадена вредност за прометот кој е извршен спрема даночниот обврзник од страна на други даночни обврзници.
  2. Данокот на додадена вредност за плаќања, кои даночниот обврзник ги извршил за промет , кој сè уште не е извршен спрема него и
  3. Данокот на додадена вредност кој е платен за увозот на добра.

 

Според член 34 од Законот за ДДВ, правото на одбивка на претходен ддв може да се оствари:

  1. Ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за цели на неговата стопанска дејност.
  2. Врз основа на фактура која е издадена во согласност со членовите 53 и 53-б од Законот за ДДВ или фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања, или царинска декларација во која е посебно искажан платениот данок за увозот или актите и Извештаите од членот 53 став (2) од Законот за ДДВ и ако тие документи се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник.

Според член 34-а од Законот за ДДВ, правото на одбивка на претходен ддв може да се оствари и ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за инвестициски вложувања во објектот на закуподавачот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на даночниот обврзник кој е закупец.

За инвестициски вложувања се сметаат вложувањата во објектот извршени од страна на закупец кои се однесуваат на: градење, реконструкција, адаптација, надградба и доградба со кои се зголемува вредноста на закупениот објект.