Prasanje

Исклучување на правото на одбивка на претходниот ДДВ

-

Според член 35 од Законот за ДДВ, даночниот обврзник нема право на одбиток на претходниот данок за:

  1. Набавки или увозот на добра и користењето услуги за цели на прометот:
    • а) ослободен од данок според член 23 на овој закон или
    • б) во странство кој би бил ослободен од данок според член 23 од Законот за ДДВ, ако би се извршувал во земјата;
  1. Набавки, производство и увоз на велосипеди, моторни возила со помалку од четири тркала (категорија L), возила за превоз на патници, кои, покрај седиштето на возачот, имаат најмногу до осум седишта и чија најголема маса не надминува 3500 кг (категорија М1), исклучувајќи ги возилата за комбиниран превоз, летала, пловни објекти, како и резервни делови, гориво и потрошен материјал за нив, нивно изнајмување, одржување и поправка и за други услуги поврзани со нивно користење. Ова не важи во случаите, кога даночниот обврзник ги користи превозните средства или другите добра во календарската година исклучиво за следниве дејности:
    • а) промет со наведените превозни средства и други средства;
    • б) изнајмување на наведените превозни средства;
    • в) превоз со наведените превозни средства;
    • г) обука на возачи со нив и
    • д) одржување и поправка на наведените превозни средства и други добра;
  1. Расходи за репрезентација на претпријатието или на сопственикот (гостење, подароци, одмор, рекреација и разонода);
  2. Набавки или увоз на фрижидери, аудио и видео апарати, теписи и уметнички предмети со кои ги опремуваат своите административни простории;
  3. Издатоци за превоз на лица;
  4. Издатоци за сместување во хотели или слични објекти и за исхрана со исклучок на издатоци за кетеринг за лица ангажирани од филмскиот продуцент, при производство на филм наменет за јавно прикажување и
  5. Данокот на додадена вредност кој го должи издавачот на фактурата според член 55 став 1 или 2 на Законот за ДДВ.