Што се подразбира под личен доход врз основа на Законот за данок на личен доход?
Според член 3 од Законот за данокот на личен доход, под личен доход се подразбираат следните видови доход остварени во земјата и во странство:
- доход од работа;
- доход од самостојна дејност;
- доход од авторски и сродни права;
- доход од продажба на сопствени земјоделски производи;
- доход од права од индустриска сопственост;
- доход од закуп и подзакуп;
- доход од капитал;
- капитални добивки;
- добивки од игри на среќа;
- доход од осигурување и
- друг доход.
На оданочување со данок на личен доход подлежи доходот што е остварен во пари, во хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.