slide3

Податоци за плата за месец септември 2024 година

-

Глобал Гроуп Консалтинг Ви  претставува табеларен приказ  со податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Септември 2024 година:

Преземете ги Податоците за пресметка на плата за Септември 2024 на следниот линк:


Податоци за плата Септември 2024


 

СТАПКИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ НА ПЛАТИТЕ КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ

ВО 2024 ГОДИНА

Придонес за задолжително ПИО 18,8%
Придонес за задолжително здравствено осигурување 7,5%
Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професиоанлно заболување 0,5%
Придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност 1,2%
Вкупни придонеси 28%
Единствена стапка на данок на личен доход  10%

 

Со калкулаторот за плата на нашата веб страна mojkonsultant.mk може да пресметате плата за вашите вработени.

Нашиот калкулатор овозможува целосна пресметка на плата со додатоци (прекувремена работа, ноќна смена, минат труд и слично).

Калкулаторот може да го оторите на следниот линк: Калкулатор за пресметка на плата


 

ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ
Просечна исплатена месечна бруто плата по работник за 2024 година 57.609,00
Најниска основица за даноци и придонеси (ПИО, здравство, дополнително здравство и вработување) за 2024 година (57.609,00 * 50% =28.805,00) 28.805,00
Највисока основица за даноци и придонеси (ПИО, здравство, дополнително здравство и вработување) за 2024 година (16 * 57.609,00 = 921.744,00) 921.744,00
Минимална плата во Република Македонија во нето износ за Септември 2024 година (ослободување 9.540) 22.567,00
Минимална плата во Република Македонија во бруто износ за Септември 2024 (ослободување 9.540) 33.352,00
Лично ослободување за 2024 година (месечно) 9.540,00
Лично ослободување за 2024 година (годишно) 9.540*12 месеци = 114.480,00 114.480,00
Дневница за службено патување во земјата 3.311,00
Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице за 2024 година (12*57.609,00=691.308,00) 691.308,00
Најниска основица за Самовработени лица- вршител на самостојна економска дејност (таксист, занаетчија) 28.805,00
Најниска основица за Самовработени лица- вршител на професионална и друга интелектуална дејност (адвокат, нотар, извршител) 57.609,00
Најниска основица за Самовработени лица- вршител на професионална и друга интелектуална дејност (адвокат, нотар, извршител) до истекот на првата година на отпочнување на дејност 28.805,00

 

 

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА БРУТО ПЛАТА ПО ГОДИНИ
2024 57.609
2023 49.397
2022 43.509
2021 41.141
2020 38.319

 


МИНИМАЛНА ПЛАТА

Висина на минимална плата во Република Македонија во последните 5 години

Период на важност Нето Бруто Според објава во  Службен весник
01.03.2024-28.02.2025 22.567 33.352 68/2024 Објава
01.03.2023-28.02.2024 20.175 29.739 58/2023 Објава
01.04.2022-28.02.2023 18.000 26.422 41/2022 Закон
01.04.2021-31.03.2022 15.194 22.146 80/2021 Објава
01.07.2020-31.03.2021 14.934 21.776 75/2020 Објава
01.04.2020-30.06.2020 14.500 21.107 88/2020 Уредба
01.01.2020-31.03.2020 14.500 21.107 239/2019

 


ПОДАТОЦИ ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР СПОРЕД ОБЈАВА ОД 20.09.2024 ГОД.
Работни часови за меcец Септември 2024 168 часа
Просечна месечна бруто плата по вработен за месец 07-2024, а се однесува за месец СЕПТЕМВРИ 2024 ГОДИНА 61.569
Просечна месечна нето плата по вработен за месец 07-2024, а се однесува за месец СЕПТЕМВРИ 2024 ГОДИНА 40.961
Просечна исплатена месечна бруто плата по вработен во претходните три месеци (05-2024, 06-2024,07-2024 година). 62.187
Просечна исплатена месечна нето плата по вработен во претходните три месеци (05-2024, 06-2024,07-2024 година)) – основица за пресметка на надоместоци од работен однос за месец Септември 2024 41.383
Најнизок износ за регрес за годишен одмор (40% од просечна исплатена плата) се оданочува со данок на личен доход 16.553
Даночно признат расход за Регрес за годишен одмор од апсект на данок од добивка (80% од просечна месечна бруто плата по вработен) 49.255
Отпремнина при заминување во пензија (износ ослободен од данок на личен доход) = 2 просечни исплатени нето плати во претходните три месеци 82.766
Јубилејна награда за најмалку десет години поминати на работа кај ист работодавач (износ кој се оданочува со данок на личен доход) 41.383
Надоместок за одвоен живот од семејството (60% од основицата ) износ ослободен од данок на личен доход 24.830
Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата) износ ослободен од данок на личен доход 3.311
*Испратнина (технолошки вишок) ослободено од данок на личен доход – 50% од просечна нето плата 20.481
Помош во случај на смрт на работник (3 просечни исплатени нето плати во претходните три месеци) износ ослободен од данок на личен доход 124.149
Помош во случај на смрт на член во семјеството (2 просечни исплатени нето плати во претходните три месеци) износ ослободен од данок на личен доход 82.766
Помош во случај на елементарни непогоди (1 просечна исплатена нето плата во претходните три месеци) износ ослободен од данок на личен доход 41.383
Надомест за боледување за повреда на работа и професионално заболување подолго од 6 месеци (во висина на основицата) – овој износ подлежни на оданочување со данок на личен доход по стапки од 10% 41.383
Трошок за организирана исхрана за 2024 година                                                     (20% од просечна нето плата во РМ во претходната 2023 година 20%*36.614,00=7.323,00) износ ослободен од данок на личен доход 7.323
Надоместок за практикантска работа

Висината на месечниот надоместок се утврдува во Нето износ за полно работно време во зависност од времетраењето на практикантката работа и тоа:

Од 42% до 74% од минималната нето плата, за практикантска работа до три месеци.

Во висина на минималната нето плата утврдена согласно со Закон, за практикантска работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.

На надоместокот за практикантска работа се пресметува и плаќа

Ü  Придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување, причинето со повреда на работа или професионална болест од 4% од основицата за пресметка на придонеси и даноци,

Ü  Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување од 0,5% од основицата за пресметка на придонеси и даноци од плата,

Ü  Даноци на личен доход во висина од 11,1111%,

Минимална нето плата = 22.567

 

 

42% = 9.478 денари 74 % = 16.700 денари

100%= 22.567 денари

Надоместок за практична обука на ученици и студенти

Согласно член 12 став 1 точка 14 од Законот за данок на личен доход, данокот на доход не се плаќа за

Надоместокот за практична обука на ученици и студенти во висина до 8.000 денари месечно

Се пресметува и плаќа данок на личен доход

8.000 денари

 


 

*Испратнина при технолошки вишок:  
до 5 години работен стаж 1 нето плата
5-10 години работен стаж 2.5 нето плати
10-15 години работен стаж 3.5 нето плати
15-20 години работен стаж 4.5 нето плати
20-25 години работен стаж 6 нето плати
над 25 години работен стаж 7 нето плати

 

  • Согласно член 97 од Законот за работни односи (службен весник на РМ 62/05…28/21,111/23), во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки вишок), работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина.
  •  Основица за пресметка на испратнина која се утврдува од просечната нето плата на работникот во последните 6 месеци пред отказот не смее да биде помала од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во државата во последниот месец пред отказот.

 

 


ПОДАТОЦИ ЗА  ЈАВЕН СЕКТОР СПОРЕД ОБЈАВА ОД 20.09.2024 ГОДИНА
Просечна месечна нето плата по вработен 40.961
Просечна исплатена нето плата во претходните три месеци (05-2024, 06-2024, 07-2024) година а кои важат за месец Септември 2024 41.383
Надоместок за одвоен живот од семејството (30% од просечна месечна нето плата исплатена во РМ во претходните три месеци) (износ ослободен од данок на личен доход) 12.415
Помош во случај на смрт на работник- двократен износ на просечна месечна нето плата по работник, објавена на денот на исплатата (2*40.961= 81.922) (износ ослободен од данок на личен доход) 81.922
Помош во случај на смрт на член на семејството- една просечна месечна нето плата по работник, објавена на денот на исплатата (износ ослободен од данок на личен доход) 40.961
Регрес за годишен одмор 30% од основицата која претставува просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во претходната година

Под услов вработениот да работел најмалку 6 месеци, во каланедарската година кај тој работодавач

Отпремнина при заминување на работник во пензија ( 2 просечни месечни нето плати по работник)

ослободен износ од данок на личен доход

81.922
Надомест за боледување подолго од 6 месеци – износ оданочив со данок на личен доход (еднократен паричен надоместок во висина од една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде што е вработен)
Надомест на трошоци за храна и превоз за лица волонтери за Септември 2024 (во висина од 15% од просечна месечна бруто плата, исплатена во 2023 година- износ ослободен од данок на личен доход) 8.237