img_20240920_150027_785_1

Есенска кошничка – Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки

-

Есенска кошничка – Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки

Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 20 септември 2024 година, ја донесе  Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед – есенска кошничка.

Со оваа одлука се определуваат посебните услови за трговија и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат следните стоки:

1) ориз бел, во пакување од 900g до 1kg;
2) брашно пченично, тип 400 во пакување од 1kg до 2kg;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450g (цел и на парчиња), со исклучок на
свежо печен леб во маркетите;
4) печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо
и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
5) бисквити, „Petit Beurre” и бисквити обични од 300g до 500 g;
6) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица) без и со јајца од 500g (без
додатоци);
7) масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 l;
8) месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
9) месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
10) пиле (свежо и замрзнато) цело;
11) пилешки стек (свеж и замрзнат);
12) салама, шункова во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);
13) чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
14) чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
15) пилешка посебна саламa во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);
16) паштета од џигер и пилешка (кокошја), во пакување од 95g и 100g (без додатоци);
17) замрзната риба Ослиќ;
18) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од
2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;
19) јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во
пакување од 1 l;
20) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во
пакување од 400g до 500g;
21) павлака од кравјо млеко, кисела, со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180g
до 400g;
22) урда;
23) традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
24) традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
25) традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
26) традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
27) свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
28) масло (путер), индустриски произведен, во пакување од 250g;
29) маргарин (обичен), во пакување од 250g;
30) јаболка;
31) праски;
32) грозје трпезно;
33) лимони;
34) портокали;
35) банани;
36) исчистени ореви;
37) грав;
38) кромид;
39) компири;
40) моркови;
41) спанаќ;
42) зелка;
43) краставици;
44) корнишони;
45) лук;
46) тиквици;
47) боранија;
48) домати;
49) пиперки;
50) карфиол;
51) тикви;
52) модар патлиџан;
53) леќа;
54) магдонос;
55) брокула;
56) праз;
57) зеленчук замрзнат (мешавина), во фолија од 450g;
58) зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450g;
59) зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450g;
60) боранија замрзната, во фолија од 450g;
61) маслинки, црни;
62) грашок, конзервиран, во пакување од 400g;
63) ајвар од печени пиперки, тегла до 660g;
64) краставички, конзервирани, тегла до 720g;
65) печурки маринирани (сецкани), тегла до 720g;
66) шеќер кристал бел;
67) џем и мармалад;
68) чоколадо млечно обично, во пакување од 100g;
69) кечап;
70) мајонез, во тегла од 660g;
71) зачин (вегета, зачинал и сл.);
72) кафе, пржено, мелено, во пакување од 200g и
73) сок кашест (матен) овошен, од разно овошје, во тетрапак од 1 l.

Највисоката бруто профитна маржа за стоките од членот 1 од оваа одлука за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 10% во трговијата на големо и во вкупен износ до 10% во трговијата на мало.

Трговците за вршење дејност трговија на мало стоките oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе”, кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд.

Трговците за вршење дејност трговија на мало имаат обврска наведените стоки од  да ги прибавуваат и продаваат месечнo на потрошувачите, во количина од најмалку 70% од количината прибавена во август 2024 година.

Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо
имаат обврска наведените стоки да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во август 2024 година.

Оваа одлука влегува влегува во сила на 24.09.2024 година а ќе се применува до 31 октомври 2024
година.

 

Одлуката може да ја симните на линкот подолу:


Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки – есенска кошничка