Prasanje

ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ДАНОЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА РЕИНВЕСТИРАНА ДОБИВКА

-
Една од најкористените можности за даночно ослободување односно намалување на даночната основа за оданочување со данок на добивка која ја користат даночните обврзници-правни лица е ослободувањето по основ на реинвестирана добивка.

Овој податок се прикажува во АОП 48-Износ на извршени вложувања од добивката (реинвестирана добивка) во „образец ДБ“ со цел остварување на правото на намалување на даночната основа за реинвестирана добивка.

Од одредбата на членот 28 од Законот за данокот на добивка, произлегуваат неколку предуслови за користење на правото на намалување на даночната основа за реинвестирана добивка и тоа:

  • Да е остварена добивка од претходна година и истата да е соодветно прикажана во годишната сметка (АОП 255 од Билансот на успех);
  • За добивката или дел од добивката да е донесена одлука за распоредување за инвестиции во материјални средства (недвижности, постројки и опрема), како и вложувања во материјални средства набавени преку финансиски лизинг и нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) и истата да е соодветно евидентирана како издвоени резерви на сметка 942 – Останати резерви и
  • Во тековната година да се изврши набавка на средства.

Во оваа насока прикажуваме и кратка пресметка за даночен обврзник со три претпоставени примери А, Б и В со цел искажување на точен податок во Даночниот биланс за оданочување на добивка „образец ДБ“.

Пример А Пример Б Пример В
 1.Добивка по годишна сметка за 2023 година распоредена за инвестиции (АОП 255 од БУ) 2.500.000  2.500.000  1.000.000
 2.Даночна основа во ДБ за 2024 година 1.200.000  1.200.000  1.500.000
 3.Износ на набавено нематеријално средство (компјутерски софтвер) 1.000.00  1.500.00  1.100.000
4.Право на намалување на даночната основа за реинвестирана добивка (АОП 48 од ДБ за 2024) 1.000.000 1.200.000 1.000.000

Од примерите А, Б и В може да видиме дека даночниот обврзник има право на намалување на даночната основа на АОП 48 од образец ДБ по правилото на најмал износ односно најмалиот износ од реден број 1 до реден број 3.