School and office supplies on white background. Back to school.

Определени највисоки цени за школски прибор

-

Во Службен весник на РСМ бр. 166/2025 од 08.08.2025 година, владата ја објави Одлуката за определување на највисоки цени за трговија на големо и на мало на школски прибор.

Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата
на мало со училишен прибор и тоа на следните производи:
– ранци и ташни;
– тетратки, блокови, колажи;
– моливи и пенкала (економични, пластични);
– дрвени и мрсни боици;
– пластелин, теста за моделирање, подлоги;
-фломастери и текст маркери;
– темперни, акрилни, водени бои и четки;
– линијари и дидaктички материјали;
– острилки и гуми за бришење;
– детски ножици;
– футроли и етуи;
– лепак, шестар, дигитрони;
– украсна хартија;
– папки и картонски ташни и
– материјали за изработка.

Највисоките цени на овие производи  се утврдуваат на нивото на
цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 јуни 2025
година во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10%, како и во
трговијата на мало (специјализирани продавници за продажба на училишен прибор,
продавници за спортска опрема кои продаваат ранци и ташни и трговци на мало кои во
својот асортиман на производи продаваат и училишен прибор), кои цени се намалуваат
најмалку за 15% .

По исклучок од ставот 2 на овој член, за производите кои се набавени по 1 јуни 2025
година, највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените евидентирани во Материјалната евиденција во трговијата на големо (Образец МЕТГ), кои цени се намалуваат најмалку за 10%, како и на нивото на цените евидентирани во Приемниот лист во трговијата на мало (Образец ПЛТ), кои цени се намалуваат најмалку за 15% .

Трговците за вршење дејност трговија на мало, овие производи, кои се поставени на полиците треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд, како и со претходната продажна цена на која е утврдено намалувањето и новата намалена продажна цена.

Највисоките цени на овие производи  ќе се применуваат од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година.

Одлуката може да ја симните на линкот:

Одлука за намалување на цените на школскиот прибор 08.08.2025