Дводневна КПУ обука на 16 и 17 декември 2026 – практично сметководство и AI
Почитувани,
Глобал Гроуп Консалтинг во соработка со Конто Профит ве поканува на дводневна Online КПУ обука на 16 и 17 декември 2026 година (среда и четврток), со почеток во 09:00 часот.
Начин на следење
КПУ обуката ќе се одржи Online. Програмата опфаќа 16 КПУ часа — по 8 часа дневно, со практични примери од сметководственото работење.
Што ќе опфатиме?
ДЕН 1 — 16 ДЕКЕМВРИ
🔹 МСС 37 — резервирања, потенцијални обврски и потенцијални средства
Признавање, мерење, презентирање и обелоденување во финансиските извештаи, со практични примери.
🔹 МСС 23 — трошоци за позајмување
Признавање и капитализација, пресметка и книжење камати, најчести сметководствени грешки и практична примена.
🔹 Користење софтвери со вештачка интелигенција во сметководството
Намалување на административната работа при прием, внесување и проверка на фактури; автоматско читање скенирани фактури, масовно издавање фактури и следење наплата. Споредба на специјализиран софтвер со AI алатки за општа употреба и доверливост на клиентските документи.
🔹 Приходи, аванси и капар — МСФИ 15 и Оддел 23
Практични примери за ресторански услуги, електронска трговија, испорака на храна и кетеринг, како и евиденција на аванс и капар во градежништвото.
🔹 Управување со промени и деловна комуникација
Комуницирање промени, грижа за клиентите и внатрешно информирање во тимот.
ДЕН 2 — 17 ДЕКЕМВРИ
🔹 Државна поддршка — МСС 20 и Оддел 24
Сметководствена евиденција на поддршка поврзана со средства и приходи, немонетарна поддршка и отплата на државната поддршка.
🔹 Лизинг — МСФИ 16 и Оддел 20
Конкретни примери и Excel пресметки за наем на деловен простор, лизинг на возила, индексација на закупнина и исклучоци за краткорочен наем и средства со мала вредност.
🔹 Зголемување на основната главнина
Законски основи, постапка и практични примери за парични и непарични влогови, претворање заем во влог и зголемување од резерви и добивка.
🔹 Годишен попис на средствата и обврските
Организација на пописот, вреднување на залихите и основните средства, усогласување на побарувањата и обврските и даночен третман на пописните разлики согласно МСС 2, МСС 16 и МСФИ 9.
Сите теми и деталната програма погледнете ги на следниот линк:
Програма за дводневна КПУ обука — 16 и 17 декември 2026
ВКУПНО 16 КПУ ЧАСА
Предавачи: Овластен ревизор Симона Павловска, Јани Павловски, Благоја Грозданов и Ана Алибегова.
НАПОМЕНА: Сите присутни на КПУ советувањето ќе добијат Потврди за 16 часа КПУ
Надоместокот за присуство на еднодневно online советувањето ќе изнесува 4.000 денари + 18 % ДДВ или вкупно со ДДВ 4.720 денари.
Плаќањето се врши однапред на жиро сметка 200003332266115 на Стопанска Банка АД Скопје.
Назив на примач: Глобал Гроуп Консалтинг Доо Скопје
Цел на дознака: Уплата за КПУ
Преземете про фактура на следниот линк:
Про фактура за дводневно КПУ Советување
Пријавувањето може да се изврши со пополнување на формата за регистрација, со пишување на наш маил или со телефонско јавување.
Контакти:
Телефони за регистрација: 02/5126-533, 075/709-399
Маил за регистрација: [email protected], [email protected], [email protected]
Форма за регистрација на КПУ Обука: