Smetkovoditeli.com.mk pari 1111.jpg

Нов предлог Закон за данокот на личен доход

-

Нов предлог Закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави нов Предлог закон за данокот на личен доход кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 година.

Со новиот предлог Закон се воведува дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%.

На пример, на месечна даночна основа од 120.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10%, додека за 30.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18%.“ 

Дополнително, се зголемува даночното ослободување кај платите и пензиите. Делот на кој не се плаќа данок ќе биде 8.000 денари. 

Предлог законот различно ги третира доходот од труд и доходот од капитал. За доходот од труд, се предлага дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90 000 денари месечно. За доходот од капитал, пак, се предлага единствена даночна стапка од 15%. 

Најзначајни измени кои се воведуваат со новиот Закон за личен доход
  • Поделба на доходот на две групи – доход од труд и доход од капитал. 
  • За доходот од труд (плати, пензии, договори за дело, доход од авторски права, доход од самостојна дејност), се воведува прогресивност, односно дополнителна стапка од 18% за даночната основа која надминува 1.080.000 денари годишно, односно 90.000 денари месечно. Конкретно, за даночна основа (т.е. бруто-доход, минус социјални придонеси, минус даночно намалување) до 90.000 денари месечно, даночната стапка останува 10%. Стапката од 18% ќе важи само за износот над тоа. На пример, на месечна даночна основа од 100.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10%, додека за 10.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18%.
  • Зголемување на даночното намалување кај платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8000 денари. Со тоа се влијае на намалување на ефективната даночна стапка за лицата што остваруваат доход од  плати.
  • Оданочување на доходот од капитал (закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа) и другиот доход со единствена стапка од 15%.
  • Оданочување на капиталните добивки од хартии од вредност и на каматите од орочени депозити, со  стапка од 15%, со одложена примена од 2020 година. На доход од камати до 250 евра годишно, нема да се плаќа данок.
  • Намалување на нормираните трошоци кај различните видови доход.

Предлог Законот за данокот на личен доход може да го преземета на следниот линк: Предлог Закон за данок на личен доход

Информации за страната www.smetkovoditeli.com.mk

Smetkovoditeli.com.mk претставува генератор на бизниси од сметководствена фела (сметководствени бироа, консалтинг куќи и ревизорски друштва). Веб страната претставува најголема, најсовремена и најкористена алатка за поврзување на компаниите со сметководствени бироа, консалтинг куќи и ревизорски друштва.

Дел од веб страната smetkovoditeli.com.mk претставува и најголемата е-база  на сметководствени книжења како и е-базите на прашања и одговори од повеќе области и е-базата на теркови и обрасциод повеќе области.

Регистрирајте го вашето сметководствено биро во базата на сметководствени бизниси на smetkovoditeli.com.mk  до 30.11.2018 година и добијте попуст од  33.33%  на годишен пристап до сите бази на страната.

Повеќе информации на следниот линк: Претплата